Виктор Осимен е прв избор на тренерот Рубен Аморим за нов напаѓач на Манчестер јунајтед.
Последните информации велат дека работата е речиси завршена и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го стави својот потпис на договорот со великанот од „Олд Трафорд“.
Осимен моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи, а наполитанците бараат 75 милиони евра обештетување.
Парите за трансферот треба да ги обезбеди „Инеос“ компанијата на ко-сосптвеникот на клубот, Џим Ретклиф. Аморим е незадоволен од настапите на Зиркзе и Хојлунд и Осихен несомнено ќе бидат прва опција во нападот.
Нигериецот има 26 години, најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Наполи, кого го предводеше до титулата во 2023 година. На 108 натпревари за наполитанците постигна 65 голови. Моментално е во Галатасарај каде на 18 натпревари постигна 14 голови.
За репрезентацијата на Нигерија одигра 39 натпревари и постигна 23 гола. Тој беше вицешампион на Африканскиот куп на нации во 2023 година.
Текстот Манчестер јунајтед (речиси) го завршиле трансферот на Осимен е превземен од МАКФАКС.