Моделот и членка на Менса, Кендис Клос од Њујорк изјави дека нејзиниот избраник мора да има натпросечна интелигенција – за да бидат заедно.
Дури и ако хемијата меѓу нив е одлична, доколку мажот не го положи тестот за интелигенција што таа го носи со себе за време на првиот состанок, тој испаѓа од конкуренција затоа што, како што вели манекенката, таа бара „некого со кој ќе ужива во поттикнувачки интелектуален разговор“. Кендис очекува соговорникот да биде добро упатен во актуелните настани, економија, наука…
– Сакам да се уверам дека вреди да се оди на втор состанок со него. Има многу мажи кои се привлечни, но ако не се интелигентни, добриот изглед не е важен. Како можеш да уживаш во времето со некого, доколку не се поврзете преку разговор?, се прашува таа.
Кендис, која го напуштила високото образование поради работа на страницата за возрасни „Онлифанс“, вели дека „привлечно е кога некој брзо ги разбира работите“, како и емоционалната интелигенција, но и брзата досетливост и духовитост.
– Додека растев, јас бев голема „бубалица“ во науката, и математиката… И, сѐ уште ја сакам математиката, вели таа.
Кендис е член во Менса од нејзината 17-та година. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 136, што ја сместува во два отсто од населението. Вели дека често е „потценета“ од мажите кои претпоставуваат дека не е интелигентна поради нејзиниот „убав изглед“, но тоа воопшто не ѝ пречи, бидејќи „ужива во можноста да докажува дека луѓето грешат“, користејќи ги нивните претпоставки во своја полза.
Сѐ над 120 се смета за „натпросечна интелигенција“, а пак, луѓето со коефициент поголем од 140, се сметаат за „генијалци“.
За да се стане член на меѓународната непрофитна организација Менса, лицето треба да има коефициент на интелигенција 132, најмалку.