Малолетник признал „тешка кражба на дрзок начин“ врз друг малолетник од Скопје, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Дополнуваат дека разговорот во кој малолетникот го признал делото е извршен во просториите на ЕВР Аеродром и Драчево, во присуство на родител.