СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик пред средно училиште.

Во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир. Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информираат од СВР Тетово.

Текстот Малолетник заврши во болница oткако го тепале група средношколци во Тетово е превземен од МАКФАКС.