Малиот БЕКУТАНЕЦ Михаил Михаилов гази по патеките на модата и убавината и овојпат неговиот сјај блесна и во далечната и ладна Русија!
Имено, еден од престижните руски магазини за деца CANDY KIDS во последниот свој избор Михаил Михаилов го вброи во едно од најубавите деца во светот!
Блескавата насмевка на синоокиот БЕКУТАНЕЦ ги освои и симпатиите на русите и се најде во изборот на списанието Candy Kids кое одбра триесетина прекрасни дечиња од целиот свет.
Добро познато за македонската јавност е тоа што Михаил е препознатливото бело бебенце на новите Бекутан влажни марамици каде од својата 9 месечна возраст е нивното заштитно лице, а тоа всушност и бил почетокот на неговото движење по овие патеки во модата.
Покрај ова, Михаил исто така има одреден ангажман во модното студио Црнокрак каде секако очекува идни успеси!
Повеќе од сигурно е дека ова прекрасно младо момче го очекува светла иднина во патеките на модата, па нам ни останува само да му посакаме успех во понатамошните негови ангажмани и во најдобро светло секогаш и секаде гордо да ја претставува нашата Македонија.