Бразилските научници во четвртокот објавија дека откриле нов вид диносаурус, брзо животно кое живеело во пустината во раниот период на креда и било идентификувано по неговите отпечатоци.
Новиот вид, наречен Farlowichnus rapidus, бил мало месојадно животно високо околу 60-90 см, според научниците. Откритието е објавено во научното списание Cretaceous Research.
Според големото растојание помеѓу пронајдените стапалки, може да се заклучи дека се работи за многу брз диносаурус кој ги прегазил древните дини, се наведува во соопштението.
Периодот на раниот креда траел од 145 до 100 милиони години п.н.е.
Фосилизираните диносаурусни „траги“, како што ги нарекуваат научниците, првпат биле пронајдени во 1980-тите од страна на италијанскиот свештеник и палеонтолог Џузепе Леонарди во градот Аракуари во државата Сао Паоло. Во 1984 година, Леонарди донираше еден од примероците од стапалките пронајдени во таканаречената формација Ботукату, група карпи формирани од древна пустина од дини, на бразилскиот музеј на науки за Земјата.
Отпечатоците се различни од сите други познати отпечатоци од диносауруси, рече палеонтологот Рафаел Коста.