Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека трајниот мир во Украина мора да биде придружен со „силни и веродостојни безбедносни гаранции“, по телефонските разговори со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски.
„Сакаме цврст и траен мир во Украина. За таа цел, Русија мора да ја прекине својата агресија и тоа мора да биде придружено со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украинците“, напиша Макрон на мрежата „Икс“ по состанокот на европските лидери во Париз.
„Во спротивно, постои ризик примирјето да заврши како договорите од Минск“, додаде Макрон.
Текстот Макрон: Трајниот мир мора да биде придружен со силни безбедносни гаранции за Украинците е превземен од МАКФАКС.