Нема значителен напредок во преговорите меѓу Украина и Русија, а грозоморните снимки од градот Буча кои ги виде цел свет не помагаат во текот на преговорите, соопшти вечерва Елисејската палата.
Изворот додаде дека Зеленски „сака да продолжи да одржува и да напредува во преговорите со Русија“.
Двајцата лидери, рече изворот, разговарале за конкретни мерки што треба да се преземат за „да се осигура дека руските злосторства нема да останат неказнето“. Ова ја вклучува неодамнешната француска понуда за дополнително финансирање на Меѓународниот кривичен суд.
Според изворот, Макрон повторил дека Франција е подготвена да придонесе во истрагата и документирањето на насилството врз цивилите и го прашал Зеленски за извештаите за наводно силување на Украинки од руски војници. Украинскиот претседател ги потврди тие извештаи, додаде изворот.
Тие разговараа и за опколениот и разурнат град Мариупол, а Зеленски го информираше Макрон дека само околу 2.000 луѓе се евакуирани од градот минатата недела поради руската блокада на хуманитарните коридори.