Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија ја започна втората фаза од подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Првата фаза беше одработена во Маврово со 20 ракометари, а потоа се приклучија Никола Митревски, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски и Жарко Пешевски.
Иако селекторот Кире Лазаров имаше проблеми со повреди на дел од играчите, сепак може да биде задоволен од сработеното и од двата меча против Кувајт на кои беа забележани две победи.
По слободниот ден на 31 декември, втората фаза од подготовките ќе се одвива во Скопје, а до заминувањето за Дебрецин на 11 јануари, ќе бидат одиграни уште два меча од пријателски карактер против Израел на 3 и 4 јануари.