Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз 41:73 ги стартуваше квалификациите за Евробаскетот 2023 година.
Македонките одиграа одлично прво полувреме на гостувањето во Хале, и имаа водство со 30:26, по што следуваше сериозен пад во играта во второто, во кое фаворизираниот тим на Германија направи пресврт и победи.
Германките на крајот имаа двојно повеќе скокови 48/24.
Следна шанса за прва победа на избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе ја имаат на домашен терен, во недела навечер, во СРЦ „Кале“, од 19 часот, каде ќе гостува состав на Босна и Херцеговина.