Регионалната ракометна СЕХА лига ќе продолжи на почетокот од февруари. Преостануваат уште шест кола од регуларниот дел од сезоната, а потоа следува плеј-офот и конечната разврска.
Вардар 1961 во првото коло во пролетната полусезона ќе се сретне со Нексе Нашице на домашен терен додека вториот македонски претставник Еурофарм Пелистер ќе ја отвори новата година со гостување во Белград, кај екипата на Партизан.
А група:
07.02.2022 – Партизан – Еурофарм Пелистер
10.03.2022 – Еурофарм Пелистер – Татран Прешов
22.03.2022 – ППД Загреб – Еурофарм Пелистер
24.04.2022 – Еурофарм Пелистер- Партизан
20.04.2022 – Татран Прешов – Еурофарм Пелистер
17.05.2022 – Еурофарм Пелистер – ППД Загреб
Б група:
06.02.2022 – Вардар – Нексе Нашице
08.02.2022 – Војводина – Вардар
02.04.2022 – Мотор – Вардар
18.02.2022 – Нексе Нашице – Вардар
22.03.2022 – Вардар – Војводина
17.05.2022 – Вардар – Мотор
Осминафинале: 20/21.05.2022
Четвртфинале: 25-29.05.2022 – 04-05.06 2022
Завршен турнир: – 02-04.09. 2022
Четвртфиналните дуели се закажани во мај и јуни. Полуфиналињата и финалните мечеви, пак, ќе се одиграат наесен (2/4 септември).
Веспрем е бранител на титулата од ланската сезона во СЕХА лигата.