Струга и Македонија Ѓорче Петров ќе се судрат во финалето на Купот на Македонија, откако во полуфинални мечеви, Струга со 1:0 го совлада Силекс, додека „лавовите“ по 1:1 ремито со Шкендија, на пенали го елиминираа тетовскиот тим.

Advertisements

Струга до своето прво финале во Купот на Македонија стигна со минимална победа над Силекс, откако Незири во 65. минута го постигна единствениот гол на мечот.

Многу понеизвесно беше на дуелот Македонија-Шкендија. Есмин Личина уште во 12. минута донесе водство за Македонија, пред Наско МИлев да израмни во 65. минута. Во пенал-серијата, двете екипи не беа најпрецизни – Македонија двапати беше неуспешна, но Шкендија имаше дури три промашувања.

Македонија е актуелен освојувач на Kупот и ќе оди на вкупно трет трофеј од натпреварувањето.

Прикажи повеќе