Македонскиот бокс пред голем предизвик. Македонската Боксерска Федерација ќе ја претставуваат двајца боксери на Светското првенсво за сениори во узбекистанскиот град Ташкент, од 1 до 25 мај.
Боите на Македонија ќе ги бранат Ален Рустемовски (-57 кг) и Арјан Исени (-80 кг). Наградата за златен медал е 200.000 долари, за сребрен 100.000, а за бронзен 50.000 долари.
Арјан Исени е ново има во репрезентацијата. Се работи за боксер кој настапува во Соединетите Американски Држави, а по потекло е од Дебар. Битолчанецот Рустемовски е во голема форма и со реално високи очекувања патува во Ташкент. Боксерите за Ташкент тргнуваат на 27 април./Gol.mk/