За мажите критичните години се четириесеттите. Токму во овој период настанува голема смртност, а причината е мозочен и срцев удар. Излегува дека телото копнее за магнезиум на оваа возраст
Сведоци сме дека се повеќе млади мажи доживуваат ненадејна смрт, а причините често се инфаркт или мозочен удар.
Научниците го открија важниот факт дека сите мажи кои умираат од кардиоваскуларни болести на возраст од 30-40 години имаат недостаток на микроелементот магнезиум (Mg) во телото.
Диета со магнезиум
Прво, личноста која се придржува до оваа диета треба да престане да консумира слатки, но и производи од брашно.
Второ, месото и конзервираната храна мора да се сведат на минимум. Месото консумирајте го исклучиво во варена форма.
Трето, треба да консумирате што повеќе житарки и јаткасти плодови.
Четврто, јадете што повеќе растителна храна во однос на: блитва, спанаќ, зелена салата, зелка..
Петто, ограничете ги млечните производи (освен кефир).
Каша од магнезиум:
2 лажици мешано брашно (пченка, ‘рж, овес)
1 лажица борови ореви (најдобар извор на витамин Б6)
2 лажици сусам
Оваа смеса (густина, односно количината на смесата сами) измешајте ја со 250 мл кефир и јадете ја наместо појадок или како дел од појадокот. Во оваа каша можете да додадете и 1 лажичка мед
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.