Фудбалерите на ПСЖ дојдоа до убедлива победа во вечерашниот дуел против Бриж (4-1) во ЛШ, во меч во кој блескаа Килијан Мбапе и Лионел Меси, кои постигнаа по два погодоци.
Почетокот беше во знак на францускиот репрезентативец, кој во втората и во седмата минута умешно ја затресе мрежата на противникот, со што стана најмлад со 30 постигнати гола во Лигата на шампионите (ЛШ) со 22 години и 352 дена.
Тој го надмина рекордот токму на аргентинската легенда, кој му „аплаудираше“ прво со фантастичниот гол во 38. минута, а потоа и со погодокот од пенал во 76. минута. Гостите преку Ритс во 68. минута го постигнаа почесниот гол.
Во вториот меч од вечерашниот прв термин од последното коло од групната фаза во ЛШ, Лајпциг со победата над фаворизираниот Манчестер сити (2-1) само го потврди третото место во групата А, а со тоа и пласманот во пролетниот дел од Лига Европа.
Шобошлаи во 24. минута и Силва во 71. минута беа стрелци на головите за домаќинот, додека Марез го намали резултатот во 77. минута.