По прележување Ковид-19, може да дојде до „мозочна магла“, предупреди рускиот инфектолог Елизавета Темник во интервју за „Мослента“.
Темник, која учествуваше на годишниот Серуски конгрес за заразни болести, изјави дека „мозочната магла“ (brain fog) е манифестација на пост-ковид синдром.
Се карактеризира со намалена концентрација и меморија, расеаност, поспаност и општа слабост. Таа појасни дека оваа појава допрва треба да ја проучуваат специјалисти, но веќе има докази дека се манифестира по зараза со омикрон.
Темник рече дека ако на некое лице му се дијагностицира акутна инфекција со симптоми на главоболка, тоа подоцна може да влијае на функцијата на мозокот. Претходно, лекарите открија врска помеѓу прележан Ковид-19 и намалување на животниот век.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.