Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ повторно е позитивен на коронавирусот.
Иако постоеше можност Србинот конечно да добие шанса поради голем број на заразени во тимот, тој ќе мора да биде и на одмор на почетокот на месецот во кој Реал планираше да го продаде.
Тоа значи дека Јовиќ сигурно нема да биде во конкуренција за гостување кај Хетафе во првенството и Алкојан во Купот на кралот и дека ќе остане неизвесен за Ел Класико против Барселона, кое ќе се игра на 12 јануари.