Еден од најголемите таленти на Аргентина, 18-годишниот Лука Ромеро, ќе потпише за Милан, информираат италијанските медиуми. Офанзивецот кој игра и како крило и како креативец зад напаѓачот, зачудувачки, дојде од Лацио како слободен играч, откако му истече договорот.
Се очекува денеска да ги мине медицинските прегледи и да потпише четиригодишен договор со Милан. Ромеро мина две години во Лацио, а веќе го постигна и дебитантскиот гол во Серија А, уште како тинејџер, за триумф над Монца со 1-0.
Тој дојде во италијанската престолнина од Мајорка, откако во 2019 со само 15 години влезе во игра на натпревар против Реал Мадрид и стана најмладиот фудбалер во историјата на Ла Лига кој одиграл на сениорски меч.