Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја продолжија својата неверојатна серија на резултати и победи. „Светците“ за полувреме го декласираа Лил во Лига 1 со што си направија добра увертира пред двомечот со Ливерпул во Лигата на шампионите.

Покрај дуелот на градските ривали од Мадрид, ова е најочекуваниот осминафинален натпревар во елитната лига.

ПСЖ за три дена во Париз ќе го пречека Ливерпул, а реваншот е шест дена подоцна на „Енфилд“.

„Не сум видел ниту еден од моите тимови да има страв, ниту овој, ниту некој од претходните. Не сум го забележал тоа, професионалците го немаат тоа. Не верувам дека моите играчи некогаш се плашеле“, изјави тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, пред натпреварот со Ливерпул.

Парижаните се непоразени на последните 26 првенствени натпревари, играат се подобро и поефикасно, го имаат првиот стрелец во лигата во Дембеле, сензационалниот Баркола, скапо платениот Кварацхелија…

Ливерпул ќе биде има проблеми, бидејќи е означен како фаворит, да ги елиминира „светците“.

„Секој има свое мислење, тимот има добра динамика, добра сезона од почетокот. Сега сме многу добри. Мислам дека ова е нашиот најдобар дел од сезоната. Лил е еден од најдобрите тимови во лигата, тие играат во Лигата на шампионите и вака да ги победиме само покажува на кое ниво сме. Нашите амбиции нема да се сменат ниту на мечот со Ливерпул“.

Текстот Луис Енрике: ПСЖ не се плаши од Ливерпул е превземен од МАКФАКС.