Крилниот напаѓач Квича Кварацхелија (23) е подготвен да дебитира за ПСЖ, објави тренерот, Луис Енрике. Грузиецот минатиот викенд пристигна во ПСЖ од Наполи за 70 милиони евра, а за својот нов клуб би можел да дебитира вечерва во Лига 1, против Ремс.

„Физички е во одлична форма. Тоа го видовме на тренинзите. Добро се адаптира и мислам дека е подготвен“, изјави Енрике. „Ги анализиравме неговите карактеристики, кои се компатибилни со нашата игра“, додаде тренерот на ПСЖ.

На прашањето дали Кварацхелија ќе му биде конкуренција на 22-годишниот Бредли Баркола, кој исто така игра на позицијата лево крило и сезонава постигна 13 гола и забележа пет асистенции, Енрике рече дека тие двајца можат да играат заедно.

„Со седум напаѓачи можам да направам каква било комбинација. Можни се сите комбинации, како и нивните синергии“, објасни тренерот.

Грузиецот играше за Наполи од јули 2022 година, постигнува 30 гола на 107 натпревари. ПСЖ сезонава е непоразен во Лига 1 и го држи првото место со 46 бода, девет повеќе од Марсеј.

Текстот Луис Енрике го најави дебито на Кварацхелија е превземен од МАКФАКС.