Бидете внимателни со овие знаци за подоцна да не страдате од невозвратена љубов…
Најпопуларната британска веб-страница за онлајн запознавање, IllicitEncounters, ги анализирала податоците од своите оженети членови и открила дека Вагите најмногу ги изневеруваат своите партнери, а 16 отсто од сите прељубници се од овој хороскопски знак.
Блиску до Вагите се „двојните“ Близнаци со 14 отсто, потоа Јарецот со 12 отсто, додека Шкорпијата се чини дека е најверниот знак на Зодијакот.
Во оваа студија, жените Ваги најмногу ја објаснуваат својата потреба за вонбрачни афери со „потребен повеќе секс“ и „барање различност“, додека Близнаците се чини дека се плашат од посветеност.
За разлика од нив, Шкорпиите се покажаа како „страсни и упорни“, а изневеруваат многу ретко, кога мислат дека врската нема иднина.
Експертот за врски и секс Џесика Леони го опиша односот на хороскопските знаци кон изневерувањето.
Вага
Не е ни чудо што Вагите се најневерни, бидејќи воздушните знаци се многу љубовни и се мешаат со повеќе луѓе. Ако една Вага е во брак со некој кој не е секогаш достапен да биде со неа, сосема е природно дека таа ќе бара на друго место потврда, внимание и дружење.
Близнаци
Сакаат авантури и се брзо им здосадува, што значи дека е помала веројатноста да се посветат на само една личност. Воздушниот знак е флексибилен и слободоумен, а честопати му е тешко да му биде лојален на еден партнер, дури и ако е заљубен.
Тие се познати по тоа што во себе имаат две, често контрадикторни личности, и иако сакаат дружење, се плашат од посветеноста.
Јарец
Иако се реални и склони кон внимателно разгледување на сите нивни одлуки, тие можат да се вклучат во афери за да избегаат од стресното секојдневие.
Иако разумни, Јарците се исто така многу амбициозни и познати како работохоличари, а аферата може да послужи само како пауза од нивните секојдневни обврски.
Бик
Биковите сакаат флерт и постојано бараат некое дополнително задоволство и убави работи во животот. Биковите можеби дури и мислат дека имаат право да имаат афера, бидејќи на тој начин ќе ја задоволат потребата од она што нивниот брачен другар не го обезбедува дома.
Рак
Вода Ракот е многу грижлив кога е во врска и е многу заштитнички настроен кон партнерот, но недостатокот на поддршка од партнерот може да ги наведе да бараат утеха на друго место. Инаку, тој е многу мирен, приврзан и сака да се грижи за другите, а исто така многу цени кога некој се грижи за него. Најчесто ќе почне да бара афера ако почувствува дека партнерот не го цени…
Лав
Познати се по својата амбиција и потреба од моќ и авторитет дури и кога се во врска, бараат партнери кои ќе ги поддржат и ќе им помогнат да ги постигнат своите цели. Лавовите кои изневеруваат веројатно планираат сè внимателно за да не бидат фатени.
Девица
Девиците се лојални романтичари на кои можете да се потпрете и сакаат да бидат во врска, но им треба и „соло“ време. Девиците веројатно ќе изневерат кога врската не им оди како што очекувале, бидејќи се идеалисти и тоа ќе го земаат премногу при срце.
Риби
Тие се нежни и посветени партнери, но може да им биде тешко кога нивните партнери не ги разбираат нивните чувства. Кога навистина го изневеруваат партнерот, веројатно тоа не го планирале или иницирале. Тие се природно срамежливи, па затоа е поголема веројатноста да бидат верни.
Овен
Авантуристички и наметлив, Овенот сака да биде главен во врската и има тенденција да се заљубува спонтано. Иако имаат помала веројатност да изневерат, кога ќе почувствуваат дека партнерот не може физички и емоционално да ги поддржи, тоа е можно. Тој обично е неверен поради фрустрација што неговиот сопружник не може да ги исполни неговите очекувања.
Стрелец
Стрелците се независни и многу искрени, па нема да бараат афера дури и ако се несреќни, туку едноставно ќе ја прекинат врската. Стрелецот е познат и по тоа што е забавен, оптимист и разигран. Иако постојано бара авантура, поверојатно е дека навреме ќе раскине со некој од кого не е задоволен.
Текстот Лошо од старт: два хороскопски знаци најмногу ги изневеруваат партнерите е превземен од МАКФАКС.