Сигурно сте слушнале за комбинацијата на овие две здрави состојки, кои освен што се вкусни, го освежуваат вашиот организам.

Сите експерти за диети препорачуваат да пиете најмалку една чаша лимонада и мед секој ден. Овој пијалок помага во губењето на килограмите и на различни начини го подобрува вашето здравје.

Губење на килограмите

Доколку додете неколку капки мед и сок од лимон во топла вода, тоа ќе ви помогне во согорување на калориите и масните наслаги. Лимонската киселина и антиоксидантите кои се наоѓаат во медот, во комбинација со топлата вода стануваат совршен пијалок за губење на килограмите. Овој сок можете да го пиете и на празен стомак, по оброк или тренинг.

Варење

Овој пијалок ги лекува дигестивните нарушувања. Ако страдате од подуеност, киселини или имате некој друг проблем со желудникот, треба да пиете лимонов сок со мед.

Детоксикација на телото

Комбинацијата на топла вода, свеж лимонов сок и мед ефикасно го чисти вашето тело од токсини и поради тоа се препорачува кога сакате да ослабете.

Камен во бубрезите

Недоволниот внес на вода и прекумерниот внес на калциум се само некои од причините за настанување на камења во бубрезите. За да спречите формирање на овие камења, секој ден пијте лимонада со мед. Имено, лимонот го блокира калциумот, така да телото не може да апсорбира и вишокот калциум се чисти од телото.

Настинка

Уште една од здравствените предности на овој пијалок. Медот има антибактериски својства, и ги елиминира бактериите кои предизвикуваат проблеми со грлото. Топлата вода, исто така, помага во чистење на грлото.