Сѐ е тука јасно, барем кога се гледа од агол на фудбалерите и навивачите на Ливерпул.„Црвените” мора да победат за да ги задржат теоретски шансите за титулата. Истата обврска ќе ја имаа и да не одиграа нерешено против Тотенхем пред десет дена. Впрочем, дури и да не се во игра за првак на Англија, момците на ЈиргенКлоп би биле фаворити против немотивираниот Саутемптон кој од триумфот над Арсенал во средината на април освои само еден бод.

Освојувањето на ФА Купот во саботата имдаде нов елан нагостите. Ова е втора титула која ја освоија во актуелната сезона (по Лига Купот). Повторно беа поуспешни од Челзи во финалето и тоа пак по пенали откако немаше голови по 90 минути и продолжението. Фактот дека во финишот на сезоната во кој се бори за уште два пехари играше таков тежок меч не му оди во прилог на Ливерпул, а додатен проблемму претставуваат повредите на Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк кои за среќа на „редси”не се сериозни, ама Египќанецот и Холанѓанецот нема да бидат меѓу стартерите. Секако, Клоп на располагање за натпреварот на „Сент Мери“ има доволно квалитетни поединци, но се ближи финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и за тој меч е потребен најсилниот состав.

Веќе споменавме дека „светците” се во лоша форма, а од Ливерпул загубија на последните две средби (онааноемвриската заврши со 4-0). Вистина е дека оваа сезона тимот знаеше да биде незгоден на свој терен, но сега немаме никакви дилеми – двојката е зацртана. Што се однесува до головите можеби 2-3 е најдобрата опција затоа што гостите се прилично истрошени, иако гол-разликата игра важна улога во битката за пехар.

Извор: gol.mk

Прикажи повеќе