Ливерпул е единствениот тим во Лигата на шампионите со максимален учинок (седум победи), обезбеди едно од осумте најдобри места, што гарантира директен пласман во осминафиналето.

Во последното коло, Ливерпул ќе му гостува на ПСВ во Ајндховен, а тренерот Арне Слот одлучи најдобрите играчи да останат во Англија.

За „црвените“ нема да играат: капитенот Вирџил Ван Дајк, Мохамед Салах, голманот Алисон Бекер, Ибрахима Конате, Трент Александер-Арнолд, Рајан Гравенберх, Алексис Мекалистер, Луис Дијаз иДоминик Собослај.

Една од причините е густиот распоред во Премиер лигата. Ливерпул викендов го очекува тешко гостување кај Бурнмут, а три дена подоцна ќе игра и против градскиот ривал Евертон.

Моментално Ливерпул е лидер во Премиер лиагта, со шест бода повеќе и натпревар помалку пред второпласираниот Арсенал.

Текстот Ливерпул без девет ѕвезди во Ајндховен е превземен од МАКФАКС.