Во напад на Израел врз јужниот либански град Сидон загинаа тројца либански државјани, а тројца војници беа ранети, соопшти либанската армија, а малезиската влада соопшти дека шест припадници на нејзините сили УНИФИЛ се повредени.

Целта на нападот бил автомобил додека поминувал покрај контролниот пункт, при што загинале тројца Либанци кои биле во возилото, се вели во соопштението на армијата.

Ранетите војници служеле на контролниот пункт, додека погодените припадници на УНИФИЛ биле во мировно возило на ОН кое во тој момент минувало низ контролниот пункт, се вели во соопштението.

Текстот Либанска армија: Tројца либански државјани загинаа во израелски напад е превземен од МАКФАКС.