Гласањето е одамна завршено, но во светската фудбалска јавност се вжештува приказната околу добитникот на „Златната топка“. Иако наводно се појавија табелите со гласовите и понатаму се шпекулира кој ќе биде конечниот победник.
Според многумина Роберт Левандовски е фаворит, но некои на тронот сакаат пак да го видат Лео Меси, некои креваат рака за Бензема, некои за Салах, а ако се гледаат трофеите и резултатите, тогаш фаворит би требало да биде Жоржињо.
Единствениот шпански фудбалер во историјата кој ја освоил „Златната топка“ смета дека наградата за 2021 година мора да ја добие Левандовски.
„По ѓаволите! Дајте му ја на Роберт Левандовски ‘Златната топка’ или јас ќе му ја дадам мојата!“, изјави легендарниот Луис Суарез Мирамонтес во една шпанска ТВ емисија.
Former Barcelona and Inter midfielder and 1960 Ballon d’Or winner Luis Suárez Miramontes: “Give the Ballon d’Or to Lewandowski, damn it! Otherwise, I’ll give him mine” [@carrusel] pic.twitter.com/YY2Xr5uWIJ
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) November 4, 2021
Суарез беше еден од најдобрите играчи во Европа во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. „Златната топка“ ја освои 1960 година како играч на Барселона, а уште три пати беше меѓу тројцата најдобри.
Во Барса играше од 1955 до 1961 и освои две шампионски титули во Шпанија и две титули во Кралскиот КУп. Потоа како најскап играч на светот во трансфер вреден 142.000 евра прејде во Интер и таму играше дури девет години, пред кариерата да ја заврши во Сампдорија.