Екипата на Баерн Минхен на домашен терен славеше убедлива победа против Салцбург со 7-1 , а трите гола во мрежата на ривалот ги даде Роберт Левандовски. Првите два беа од пенал, во 12. и 22. минута, додека третиот пристигна од игра во 23. минута.
Полскиот напаѓач влезе меѓу рекордероте и застана на делба на третото место на хет-трикови во Лигата на Шампионите (11 минути) заедно со Рахем Стерлинг и Кристијано Роналдо.
Пред нив се наоѓа рекордерот Бафетимби Гомис, кој како играч на Лион стрелаше трипати во осум минути против Динамо Загреб во 2011.