Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ја освои наградата „стрелец на годината“, награда која за прв пат ја доделува „Франс Фудбал“.
-Секогаш сум подготвен да постигнам гол, затоа што така се постигнуваат резултати во фудбалот. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, бидејќи без нив ова немаше да го постигнам. Доколку постои хармонија меѓу сите, многу полесно ми е да постигнам погодок. Сакам да и се заблагодарам на моето семејство за нивната поддршка, истакна во своето излагање полскиот напаѓач.
Инаку, Левандовски е и еден од главните кандидати за добивање на „Златната топка“ за оваа година.