Тимот на Лос Анџелес Лејкерс минатото лето состави искусен тим од многу ѕвезди, но почетокот на сезоната во НБА-лигата не беше каков што очекуваа поранешните шампиони, затоа што по 10 одиграни меча имаат пет триумфи и пет порази.
Леброн Џејмс има мака со повреди. Тој пропушти четири меча, а сега би можел да отсуствува и до осум недели поради посериозна повреда. Џејмс има повреда на абдоменот и затоа не играше против Оклахома и Портланд, а анализата на поранешниот кондиционен тренер на Лејкерс, Тим Дифранческо покажа дека 36-годишниот кошаркар би можел да паузира од четири до осум недели.