Додека бројот на заразени и хоспитализирани во САД забрзано расте, кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, крена прашина во јавноста со својата објава на Инстаграм во која го поистовети коронавирусот со настинка.
Џејмс на својот профил објави слика со три Спајдермен ликови, кои едни кон други покажуваат со прст и се поистоветуваат, а над нив се испишани имињата: Ковид-19, грип и настинка.
Неговата објава многу брзо предизвика бројни коментари, од кои најголем број во негативен контекст.
НБА лигата изминатите две-три недели се соочува со големи проблеми околу одигрување на натпревари поради се зголемениот број заразени кошаркари со коронавирус.