Неверојатна случајност – трио на веројатно најголемите имиња на денешнината, во нивните спортови денес претрпеа елиминации.

Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср стигнаа до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони, беа поразени од Кавасаки Фронтејл со 2:3, Леброн Џејмс и Лејкерси претрпеа уште еден пораз против Минесота во плејоф серијата и ја завршија сезоната, а Лео Меси доживеа слична судбина како неговиот вечен опонент од Португалија.

Интер Мајами беше поразен од Ванкувер со 3:1 и со вкупен резултат од 5:1 беше елиминиран од елитното натпреварување на зоната КОНКАКАФ, Лигата на шампионите.

Така, за само 24 часа, три суперѕвезди ја завршија приказната во најважните натпреварувања.

Дури ни добриот почеток на натпреварот против Ванкувер и водството што го донесе Џорди Алба во деветтата минута не му помогнаа на Мајами. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, по што следеше фуриозно второ полувреме на гостите од Ванкувер.

Меси беше без конкретен учинок во двата натпревари.

Текстот Леброн, Роналдо и Меси елиминирани во ист ден е превземен од МАКФАКС.