Лариса Дир: Битка за Украина, ќе го обезбедиме неопходното единство на светот, колку и да ни биде тешко

Лариса Дир, украинската амбасадорка во земјава, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 931 ден од почетокот на  руска инвазија со објава на својата сметка на Х напиша:

Ден 931. Битка за Украина. Претседателот на Украина Володимир Зеленски:
„И сега сакам да им кажам на сите во светот кои сè уште сакаат некако да му помогнат на Путин: ние ќе сториме се не само за заштита на нашата држава и народ, туку и за вистинска консолидација на светот заради силни одговори на започнувањето на војна или каков било обид за продолжување на војната.
Нашиот апсолутен приоритет е праведен мир, и за секоја ракета, за секој дрон и за сите чекори на непријателот, за секој обид оваа војна да се направи подолга и побрутална, неизбежно ќе има одговор од светот. Ќе го обезбедиме неопходното единство на светот, колку и да ни биде тешко.“

Д. Мишев