Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, додека ги критикуваше европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот.

Во интервју за државниот телевизиски канал Росија 24, Лавров се осврна на средбата на Трамп со Владимир Путин во Алјаска, опишувајќи ја атмосферата како „многу добра“.

„Беше јасно дека лидерот на Соединетите Американски Држави и неговиот тим, пред сè, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, одржлив, сигурен“, додаде Лавров.

Оваа изјава доаѓа еден ден откако Трамп изјави дека прекинот на огнот не е неопходен услов за постигнување мировен договор за време на тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.

Од друга страна, Лавров упати остри критики до европските лидери. Според него, на секој чекор тие инсистирале само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ja снабдуваат Украина со оружје.

Текстот Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат е превземен од МАКФАКС.