Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека испраќањето мировници во Украина може да доведе до директна конфронтација меѓу Русија и НАТО.
Минатата недела Полска објави дека официјално ќе го проследи барањето за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.
„Се надевам дека разбираат за што зборуваат. Тоа би бил директен конфликт меѓу Русија и НАТО, кој не само што сите сакаат да го избегнат, туку тие исто така велат дека во принцип тоа не треба да се случи“, им рече Лавров на вработените и студентите во Московскиот Државен институт за меѓународни односи.
Направление миротворцев НАТО на Украину привело бы к прямому столкновению вооруженных сил РФ и альянса — Лавров
— Газета.Ru (@GazetaRu) March 23, 2022