Ла Лига ја изрече казната за Атлетико Мадрид за инцидентите кои ги предизвикаа ултрасите на овој тим во дербито против Реал Мадрид.
Дел од ултрасите на јужната трибина, наседната на провокациите на Тибо Куртоа, па почнаа да фрлаат со трврди предмети кон него.
Во следните три натпревари јужната трибина на „Сивитас Метрополитано“ ќе биде празна како казна за однесувањето дуелот против „кралевите“.
Во прашање се околу 5.000 седишта и толку навивачи нема да можат да влезат на стдионот во наредните три натпревари.
Атлетико најави дека ќе ја обжали оваа одлука.
Текстот Ла Лига на три натпревари ја затвори јужната трибина на стадионот на Атлетико е превземен од МАКФАКС.