Лос Анџелес Лејкерс на својот Инстаграм профил го објавија и потврдија трејдот на Лука Дончиќ од Далас.

Целиот кошаркарски свет го шокира веста дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е трејдуван од Далас во Лејкерс.

Ентони Дејвис тргна во спротивна насока и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс. Сега Лејкерси објавија слика со Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс.

Лука се уште има проблеми со повредата на скочниот зглоб, а откако ќе се рехабилитира ќе ги одигра првите минути во дресот на својот нов клуб.

Текстот ЛА Лејкерс објавија фотографија на Дончиќ во дресот на Лејкерс е превземен од МАКФАКС.