Косовскиот премиер Албин Курти ја поздрави вчерашната резолуција на Европскиот парламент за развојот на настаните во дијалогот меѓу Косово и Србија и за ситуацијата на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во синоќешната објава на неговата страница на платформата „Х“, Курти го нагласи повикот на Европскиот парламент за јакнење на безбедноста во Косово и барањето упатено до Србија да престане да ги поддржува терористичките групи.
– Помеѓу другите мерки, таа (резолуцијата) повикува на зголемена безбедност на Косово и бара од Србија да избегне било каква понатамошна ескалација, да престане со секаква поддршка за терористичките формации и да ги повлече сите свои оперативни воени бази долж границата, напиша Курти.