И покрај тоа што земјите од таканаречената група Квинта и НАТО не поддржуваат никаква промена на сегашниот статус на мостот на реката Ибар, кој ги поврзува двата дела на поделениот косовски град Митровица – јужниот населен со мнозинство Албанци и северниот со мнозинство Срби, косовскиот премиер Албин Курти инсистира мостот да се отвори, освен за пешаци, како што е моментно, и за сообраќај на возила. Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, изјави денеска дека земјите од Квинта, во консултација со НАТО во моментов не поддржуваат никаква промена на сегашниот статус на мостот на реката Ибар.

Мостот засега е отворен само за пешаци, иако во рамки на дијалогот е договорено да се отвори и за сообраќај. Италијанските војници на КФОР патролираат на мостот на Ибер, а во близина се и припадници на косовската полиција.

Прикажи повеќе