Кошаркарите на ТФТ по вторпат оваа сезона го добија дуелот со Куманово сега во Скопје со 109-100, овојпат во рамките од 14. коло од македонската Прва лига.
Гостинскиот тим постојано се обидуваше да го достигне ривалот. Но, ТФТ одржуваше доволно висока разлика, за да не се грижи за бодовите во завршните минути од мечот.
Хортон беше најефикасен за победникот со 26 поени и 11 скока, а кај гостите се истакнаа Зивчевиќ со 24 и Глигоријевиќ со 19 поени.