Академија ФМП ја запиша третата победа по ред во кошаркарската Суперлига, откако вечерва славеше со 90-89 против ТФТ Скопје, додека Куманово го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со 75-71, средби кои се одиграа во рамките на 10.коло во машкиот кошаркарски шампионат.
Кошаркарите на ФМП одиграа одлично прво полувреме, кое го добија со солидна предност од 16 поени (42-26), но ТФТ успеа да се врати по третата четвртина и да стигна до 57-58, по што следеше драматичен финиш на натпреварот.
ТФТ во завршницата промаши две слободни фрлања, а натпреварот го реши Ајви кој постигна тројка на една секунда на крајот за победа на Академија ФМП од 90-89.Најефикасни во тимот на ФМП беа Крстајиќ и Ајви со по 19 поени, додека Костоски постигна 19 поени за ТФТ.
Куманово одигра возбудлив натпревар против МЗТ Скопје Уни Банка, а отпорот на кошаркарите од Аеродром беше скршен во завршницата, кога домаќинот славеше со 75-71.
Најдобар кај Куманово беше Абром со 21 постигнат гол, додека кај МЗТ Скопје Уни Банка најефикасен беше Ренсом со 25 поени.