Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој пред една година ја заврши кариерата, Тони Крос, го пофали играчот на Барселона, Педри, за кого рече дека е најдобар во светот на својата позиција.

Реал Мадрид и Барселона се борат на сите фронтови, секој збор на сегашни и поранешни играчи, тренери, членови на управниот одбор, со внимание се слуша, па кога некој ќе излезе и јавно ќе пофали играч на противничкиот тим, како што направи Тони Крос, тоа предизвикува големо внимание.

„Педри е најдобриот играч од средниот ред во моментов од моја перспектива. Генерално, тој е играчот што секогаш ви недостасува кога не е на теренот, без оглед на името на противникот“, рече Крос, а потоа продолжи:

„Не станува збор само за бројот на голови или асистенции, тој едноставно ви дава многу решенија на теренот. Гледав што направи оваа сезона. Во Лигата на шампионите го надигрува противникот 52 пати по натпревар, во Примера перформансите се уште поекстремни бидејќи ги надигрува противниците 59 пати по натпревар. Победува 11-12 одбранбени играчи по натпревар, што е најтешката работа за играч од средниот ред. Затоа, според мене, тој е најдобар. Ако г нема во тимот, сигурно ќе забележите“.

Текстот Крос: Педри е најдобар на својата позиција во светот е превземен од МАКФАКС.