Дваесет и едногодишната добитничка на титулата мис универзум се снимила како ги движи усните додека ја пее песната „Емпајр стејт оф мајнд“ (Empire State of Mind) на раперот Џеј Зи. Многумина напишаа дека песната содржи расистички навреди и дека не може да поверуваат дека данската манекенка го синхронизирала овој текст. Нејзиното видео набргу се прошири на социјалните мрежи и наиде на многубројни негативни коментари.

„Ова е лудо“, „Не ми се верува дека сум сведок на ова во реално време“, „Ќе ѝ ја одземат круната“, „Извинувањето не е доволно, ако воопшто се извини“, „Одземете ѝ ја круната“, се некои од коментарите.

Но, имаше и такви што застанаа во одбрана на Викторија и напишаа дека таа само се забавува.

„Бела жена пее песна што вообичаено ја пее црнец, а оваа разбудена толпа ја нарекува расист. Таа нема за што да се извинува“, се вели во еден од коментарите. По критиките и прозивките, Викторија не се огласи, како и организацијата „Мис универзум“.

Викторија неодамна беше крунисана на изборот за мис универзум во главниот град на Мексико. Таа влезе во историјата како првата Данка што стана мис универзум. Пораснала во мирно предградие на Копенхаген, а подоцна се преселила во урбаното јадро на градот и дипломирала бизнис и маркетинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)

Викторија објави дека нејзиното владеење како мис универзум ќе се фокусира на нејзината страст за благосостојба на животните, со цел да го привлече вниманието на прашања, како што се зачувување на дивиот свет, хуманиот третман на животните и важноста на одржливите практики во индустриите што влијаат на животинските живеалишта.

Текстот Критики за новата мис универзум поради песна: „Одземете ѝ ја круната“ е превземен од МАКФАКС.