Дру Смит, бекот на Мајами Хит ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА лигата.
Смит ја скинал Ахиловата тетива. Повредата ја заработи без контакт на натпреварот во понеделникот во кој Мајами го совлада Бруклин со 110:95. Со помош на соиграчите го напушти теренот.
Дру Смит се врати во составот откако се опорави од повредата на предните вкрстени лигаменти, повреда што ја доби пред нешто повеќе од една година додека беше во Сиукс Форс Скајфорс, тим кој е филијала на Мајами Хит во развојната Џи лига на НБА.
„Сите ние имаме неверојатна почит за патото што досега го помина, за она што мораше да го надмине. Бев во клубот, кога немаше никој друг, а тој постојано минуваше низ сите тешки третмани и рехабилитација. Тој едноставно има неверојатна сила, па на крајот навивате за момци како Дру“, истакна тренерот на Мајами, Ерик Сполстра.
Текстот Крај на сезоната за Дру Смит е превземен од МАКФАКС.