Паоло Ди Канио смета дека најголемата „кражба“ на овој преоден рок е трансферот на Скот Мектоминеј во Наполи.
Овој фудбалер беше продаден за 30 милиони евра, а кај Конте во Наполи игра одлично. На осум натпревари постигна два гола, додаде и асистенција.
„Би отишол во Манчестер Јунајтед и би ги уапсил сите директори“, изјави Паоло Ди Канио.
Покрај тоа, Наполи во моментов е лидер во Серија А со 16 освоени бодови.
„Како можеш да се откажеш од Мектоминеј? Наполи има и играч како Нерес, кој е резерва, а Гилмур се докажа во Брајтон“, изјави Ди Канио.
Сепак, следува многу тежок распоред за Наполи, по Емполи на 20 октомври на гости, овој клуб ќе игра против големите ривали, Милан, Аталанта и Интер.
Текстот „Кражба“ на летниот преоден рок, легендарниот Италијанец истакнува: „Би ги уапсил сите во Манчестер Јунајтед!“ е превземен од МАКФАКС.