Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Бутел, Дарко Косовски, во интервју за порталот zoom.mk тврди дека вицепремиерот Артан Груби и актуелниот градоначалник на Бутел Велимир Смилевски стојат зад монитираното видео со кое се сака негова дискредитација.
“Мое лично убедување е дека позади овие видеа стои кујната на Артан Груби и на Велимир Смилевски затоа што ја изгубија поддршката од граѓаните што во 2017 година ја имаа Смилевски и Артан Груби. Го потенцирам точно Артан Груби, не цела политичка партија ДУИ затоа што имаме одредени информации, но затоа понатака на кој начин се изведуваат овие работи”, вели Косовски во интервјуто.
Тој е радосен што луѓето се свесни дека монтираното видео од протестен митинг од 2016 година, е груба манипулација и лага.
„Ако тоа било вистина, зошто Груби веднаш не реагирал таа година кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ако било виситина зошто видеото не се пуштеше во 2017 година, кога повторно бев кандидат за градоначалник во Бутел. Зошто не се пуштеше на последните претседателски и парламентарни избори“, прашува Костовски.
Според него, ширење на лажни вести од Ггруби и Смилевски е поради стравот дека ја губат поддршката од граѓаните.
„Навистина се исплашени. Мојата соработка со Алијанса и Алтернатива, со Самир и Вулнет е навистина многу добра. Тоа нанесе страв и немаат друга опција, освен да го прават тоа, а тие се способни за тоа“, смета Косовски.
Зборувајќи за ветувањата на Смилевски кон Албанците од Бутел, Костовски тврди дека се што им ветил, излажал.
„Смилевски секаде излажа. Вети училиште во Визбегово, не го изгради. Вети со Заев водовод во Луботен, не го исполни. Ветуваше, не направи ништо, а имаше можност. Имаше преседан, на улицата каде што живее во населба Радишан си го напраи асфалтот и за 24 часа го прекопуваа бидејќи нешто погрешно беше направено. Донесоа багери повторно и уште толку ги изреволтираа граѓаните на Радишани“, додава Коствоски.
.