Левски во рамките од второто коло од квалификации за Конференциската Лига го совлада нашиот претставник Шкупи со 0:2, со што во голема мера си го осигура пласманот понатаму.
Бугарскиот состав дојде во Скопје по поволен резултат и тоа и го оствари. Тренерот на Левски, Николај Костов рече дека Левски заслужил да победи на терен кој реално не бил за игра.
„На ваков очаен терен ова што го одигравме е одлично. Забележавме голема победа, која не прави фаворит за пласманот понатаму. Реално на ваков терен и не можевме нешто да одиграме освен тие долги топки, и таа тактика која ја практикувавме вечерва. Имаше провокации на теренот, што не би требало да се случува, сепак, ова е спорт. Жал ми е за тоа што се случувало во текот на денешниот ден со нашите навивачи, тоа не смее да се случува исто така“ – рече Костов.