Константин Косачев, претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација, коментирајќи го предложеното примирје договорено меѓу американските и украинските претставници, денеска изјави дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон.
„Русија напредува во Украина и поради тоа, ќе биде поинаку со Русија“, рече Константин Косачев во објавата на „Телеграм“, пренесува „Ројтерс“.
„Сите договори, со целосно разбирање за потребата од компромис, ќе бидат според наши услови, а не според американски услови. И ова не е фалење, туку разбирање дека таму, на бојното поле, сѐ уште се пишуваат вистински договори. Тоа треба да го разберат и во Вашингтон“.
Текстот Косачев: Договорот ќе биде потпишан според условите на Москва, а не на Вашингтон е превземен од МАКФАКС.