реклама
ПРЖЕНИ, варени, изматени… Јајцата се подготвуваат на сто начини и се секогаш вкусни. Најчесто се јадат за појадок, но може да се додадат и во главните јадења или салати. Токму поради честото консумирање, сигурно барем еднаш сте се запрашале колку јајца всушност можеме да јадеме дневно без да му наштетиме на нашето здравје.
Американската фондација за срце препорачува до едно јајце дневно за луѓе со висок холестерол во крвта, дијабетес или оние кои се изложени на ризик од срцева слабост. Од друга страна, возрасните со нормално ниво на холестерол во крвта и оние кои јадат здрава исхрана можат да јадат до две јајца на ден.
реклама
„Во 60-тите и 70-тите, јајцата беа непријател број еден за срцето бидејќи научниците открија дека високото ниво на холестерол во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања, а јајцата се богати со холестерол. Сепак, заситените масти во храната како црвено месо, путер, сирење и другите полномасни млечни производи го зголемуваат холестеролот во крвта повеќе отколку јајцата“, објаснува нутриционистката Бони Либман за Вашингтон пост.
Инаку, јајцата содржат витамини А, Б12 и Д, како и калиум и натриум, а ова се само дел од причините поради кои се почесто се споменуваат како идеална храна. Бидејќи јајцата се богати со протеини и ниски калории, тие можат да ви помогнат да се чувствувате сити подолго време и да го одржувате шеќерот во крвта низок. Јајцата содржат антиоксиданси наречени лутеин и зеаксантин, кои помагаат во спречување на нарушувања на очите како што се катаракта и макуларна дегенерација.
реклама