Мандарината е кисело-сладок цитрус од југоисточна Азија, која на нашите простори се одгледува од 19-ти век. И покрај тоа, тешко е да замислиме есен и зима без ова неодоливо овошје.
Ова овошје е препорачливо секојдневно да го консумираме, меѓутоа, важно е да имаме граница и во здравите навики.
Мандарините се богати со многу витамини, ја стимулираат функцијата на мозокот и се препознатливи по својот пријатен мирис и вкус. Сепак, како и со сè останато, и со нив мора да внимаваме и да се држиме до препорачаната доза.
Мандарината исто како и другите цитрусни овошја е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот на телото и борба против сезонски болести, чии симптоми ги ублажува и го забрзува закрепнувањето, поради што е неизоставен дел од зимската исхрана.
Освен што се богати со витамин Ц, мандарините содржат и витамини од група Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Тие исто така ја стимулираат функцијата на мозокот и допринесуваат за подобро помнење, а препознатливи се и по својот убав мирис и освежувачки вкус.
Препорачаната дневна доза на ова овошје е до седум мандарини. Консумирањето повеќе од седум мандарини може да доведе до покачено ниво на шеќер во крвта, а премногу фруктоза може да доведе до вишок килограми.
Исто така, мандарината како и другите цитрусни овошја содржи многу оксалат, па затоа не се препорачува за луѓе со предиспозиција за камења во бубрезите и жолчката и други болести.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.