Кокошка била „уапсена“ откако се прошетала и колвала во заштитениот простор на Пентагон, соопшти вчера организацијата Лига за благосостојба на животните во Арлингтон, САД.
Оттаму беа поканети да го преземат животинчето и сместат во соодветен кокошарник. За обидот за „напад на кокошката“ врз Пентагон – една од најзаштитените згради во светот, пишуваше и „Милитари тајмс“ (Military Times).
Весникот на шега праша дали „уапсената кокошка“ едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или, всушност, е шпион во мисија по државни тајни?
Корисниците на Интернет предложија кокошката да се нарече „Етел Розенберг“ – по познатата Американка уапсена и егзекутирана за шпионирање за СССР во САД 1950-тите.